Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 25 милиони денари инкасираше Општина Куманово од остварените приходи од наплатата на данокот на имот мината година.
Од наплатата на данокот реализирана од физичките лица оставрени се приходи во вредност од 17.074.103, додека од правните лица 8.865.772 денари.
"Во 2012 година се очекува зголемување на блогот над 55 милиони денари и реализација над 40 милиони денари" –информира Зоран Павловски, раководител на секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање, ЛЕР и информатичка технологија.
Од секторот најавија дека до јуни 2012, ќе обработат дополнителни седум илјади нови даночни обврзници и дека ќе ги внесат во листата за блог за 2012 година со што ќе биде опфатен градот Куманово и сите приградски населби или приближно 15.000 нови обврзници. За ова активност веќе е формирана мобилна комисија која ќе се наврати на стари даночни обврзници, првенствено кај семјствата во становите, ќе ја докомплетира базата на даночни обврзници со правни лица.Од секторот велат дека новата методологија на проценка на данокот на имот како проект нуди долгорочни позитивни ипликации на буџетот на општина Куманово.
Во 2010 година по основ на данок на имот за правни и физички лица е инкасирано 9.994.891ден. или 68,4% повеќе во однос на 2009 година. А воедно и блог за данок на имот за 2011 година е зголемен на 38.293.347,50 денари или во однос на 2010 година за 28,48%.