Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници од Данскиот синдикат на општи работници денеска се сретнаа со своите колеги на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство- СИЕР, каде разменија искуства за начинот на функционирање на регионалните синдикати во двете држави.
Претставниците на данскиот синдикат ја нагласија важноста од успешно функционирање и соработка на синдикатите на локално и регионално ниво, каде што всушност е и базата на работниците и работодавачите.
Во Данска се е организиранио, почнувајќи од локално, па се до регионално ниво. Кај нас неможе да се случи некој да не земе плата, во таква ситуација синдикатот веднаш реагира и во дадениот момент се решава проблемот. Најниската плата што со закон е донесена е 15 евра од час. Данска има поинаков систем на склучување на договори помеѓу работниците и работодавачите поинаква од другите држави во регионот. Колективните договори се склучуваат исклучиво помеѓу синдикатите и организацијата на работодавачите без мешање на Владата-рече данскоит претставник Мадс Лунд.
Претставниците на македонскоиот Синдикат за индустрија, енергетика и рударство најавија дека регионалната канцеларија во Куманово функционира како проект и финансиски подржан од данскоит синдикат и веќе ги дава првите резултати. Оваа соработка на двеата синдикати ќе продолжи и во иднина.