Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ, денеска учествуваа на крводарителска акција што ја организираа по повод Светскиот ден на здравјето, во соработка со Заводот за трансфузиологија и Црвениот крст.
Во акцијата учествуваа педесетина млади луѓе, кои ја покажаа својата хуманост на дело.
Во оваа хуманитарна акција, својата хуманост ја покажаа претежно млади луѓе од нашиот град, кои со својата донаторска и херојска способност да спаст нечиј живот. Насловот на оваа хуманитарна акција е „Донаторот е херој„, кој е и официјален слоган на Светската здравствена организација. Ако крводарителството е најхуманата, најсолидната и доброволна активност, тогаш апелираме до сите граѓани да ја покажат својата доблест и да им помогнеме на тие на кои им е неопходна крвта- изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС.