×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Децата без родители добија новогодишни пакетчиња

    25.12.2014 11:32 | KumanovoNews

    Во просториите на општина Куманово, денеска триесет деца без родители добија новогодишни пакетчиња.

    Децата без родители добија новогодишни пакетчиња

    Градоначалникот Зоран Дамјановски заедно со Дедо Мраз им ги подели подароците, и им ја честиташе Новата година со желби за здравје, среќа и успех.

    Како и секоја година и оваа, Дедо Мраз стигнува прво кај вас. Ние како општина и покрај сите перипетии околу јавни набавки, успеавме да добиеме согласност за набавка на пакетчиња. Денеска прво почнуваме со вас. Триесет пакетчиња за триесет фамилии кои се грижат за децата без родители. Нека ви е среќна 2015 година, и ви посакувам здравје и среќа, пред се на тие што се грижат за вас, а вие да бидете горди и достоинствени граѓани на Куманово - изјави градоначалникот.

    Згрижувачите се заблагодарија за честитките и пакетчињата.

    Пакетчиња добија децата што се ставени под старателство на блиски роднини и деца згрижени во згрижувачки семејства на територија на општина Куманово. Секоја година градоначалникот доделува пакетчиња и ние му се заблагодаруваме за овој гест - вели Наџие Мустафа од Центар за социјални работи Куманово.

    Градоначалникот уште шеесетина новогодишни пакетчиња ќе подели на лицата со посебни потреби во Дневниот центар кај Чик и во „Порака наша“. Општината повеќе од десет години за Нова година им подарува пакетчиња на децата без родители и лицата со посебни потреби.