×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Децата од градинка со хепенинг на плоштад

    03.04.2015 14:12 | KumanovoNews

    Децата од градинката “Ангел Шајче“ денеска на Градскиот плоштад, учествуваа на хепенинг насловен како “Дружината Мела денес е цела“.

    Децата од градинка со хепенинг на плоштад

    Овој хепенинг е дел од програмата  “Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија“, која ја спроведуваат УНИЦЕФ, Британската амбасада и Министерството за труд и социјална политика.

    Сите различности по род, способности, место на живеење,  се опфатени во овој проект и мултикултурализмот каде што се опфатени деца од сите заедници кои ја посетуваат нашата установа, каде 10 отсто се од албанска, 10 од српската, а од Ромите имаме околу 40 деца и други националности. Во нашата установа се застапени деца од сите етнички заедници - рече Марина Алексовска, директорка на „Ангел Шајче“.

    Претставникот на УНИЦЕФ, Ража Мсефер Барада вели дека преку овој проект децата ќе научат да ги почитуваат различните од себе.

    На едно место целта е да се дружат деца од различни етнички заедници, од различни култури, со различни способности. Идејата е преку заеднички активности да научат како да ги вредуваат и почитуваат разликите кои ги има меѓу нив - рече Мсефер Барада.

    Кумановската градинка е една од 10 установи вклучени во овој пилот проект.