Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата организирани на ниво на месни заедници се запознаваат со работата на полицијата.
Отсекот за превенција при СВР Куманово ја спроведува активноста насловена како “Сите заедно за безбедно лето“, која е продолжение на проектот “Безбедни училишта“.
Децата учат која е работата на полицијата, кои се опасностите за нив, на кој број треба да се обратат доколку имаат проблем, ги прашуваме како тие гледаат на полицијата, им даваме брошури “Реонскиот полицаец ве советува“. Ги советуваме за заштита на имотот во лето, додека траат летните одмори и да не дозволат злоупотреба на податоци на социјалните мрежи“ - вели Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција.
На ваква работилница вчера присуствуваа децата од месната заедница Тоде Мендол, а во наредниот период ќе бидат опфатени децата од централното градско подрачје и од приградските населби.