×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Децата со примени три дози Дитепер во изминатите 6 месеци може да посетуваат градинка, одлучи Комисијата за заразни болести

    14.03.2024 15:47 | Сузана Николиќ

    Децата кои во последните 6 месеци се вакцинирани со трета доза ДиТеПер може да одат во градинка, одлучи Комисијата за заразни болести.

    Децата со примени три дози Дитепер во изминатите 6 месеци може да посетуваат градинка, одлучи Комисијата за заразни болести

    Притоа тие треба во рок од 6 месеци откако ја примиле третата доза да се ревакцинираат.

    „Деца кои примиле серија вакцинална од три дози, ја завршиле примоимунизацијата во последните шест месеци и сега им следи ревакцина која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци, но овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во последните шест месеци треба да им биде дозволено да влезат во градинка, со напомена дека оваа ревакцина редовно треба да ја примат во следниот период односно после шест месеци најрано од примањето на третата доза. Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен податок за државата. И тука мора многу да работиме. Имаме разбирање, имаме и научна поткрепа дека овој малку олабавен начин на проценка на имунитетот со трите дози помага, но не знам до кога ќе остане затоа што ако состојбата со оглед дека сега сме веќе со бројки над 170 случаи во Скопје и над 200 во државата и веројатно тој број и понатаму ќе расте, можно е во следниве недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки. Се зависи од развојот на ситуацијата“, посочи д-р Александар Петличковски.

    Проф. д-р  Александра Грозданова изјави дека од медицински и имунолошки здравствен аспект процениле дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци, завршена примоимунизација ќе биде оптимално заштитено со цел да може да продолжи да посетува градинка, да се социјализира со напомена дека ревакцината мора да биде примена во следните шест месеци.

    „Имунолошкиот аспект од аспект на заштита на детето ќе биде целосен доколку се задоволени и двата услови. Во шесте месеци да бидат примени тие три дози од примо имунизацијата, но задолжително да се прими ревакцината, којашто временскиот период го скративме, наместо од последната доза на вакцина една година, го скратуваме на шест месеци. Тоа се препораките до родителите. Да го сфатат овој апел со цел нормално да соработуваме, но, приоритет е здравствената заштита на децата. Се' уште епидемиолошката состојба е далеку од добра и се зголемува. Имаме во градинките, имаме во училиштата, во ризик ќе бидат и возрасните. Апелираме до родителите најитно да се упатат во вакциналните тимови и овој редослед на вакцини го остварат“, потенцираше Грозданова.