×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо Мраз и „Дружината на Снешко Белчо“ во петок во Занaетчискиот дом во Куманово

    27.12.2023 13:41 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово во петок напладне ќе пристигне Дедо Мраз, а ќе се одигра и детска претстава „Дружината на Снешко Белчо“, во организација на Фондацијата за култура и спорт.

    Дедо Мраз и „Дружината на Снешко Белчо“ во петок во Занaетчискиот дом во Куманово

    „Ќе гостува прилепската театарска група со претствата „Дружината на Снешко Белчо“, детска новогодишна бајка чиј автор е Гоце Балада. Секако, дека најмалите најмногу ќе се израдуваат на пристигнувањето на Дедо Мрза во нашите простории“, истакна директорото Марио Арангеловски.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани кои ќе дојдат на претставата.

    До пред неколку години во Куманово се организираше хепенинг за најмладите за пречек на Дедо Мраз на Градскиот плоштад. Имаше богата неколкучасовна новогодишна програма со концерт и забава за најмалите. Дедо Мраз доаѓаше на посебен начин, со падобран, со санка, на мотор, по што делеше подароци на најмалите. Оваа традиција се прекина за време на корона кризата и е се обнови.