×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дејан Младеновски е нов директор на училиштето „Толи Зордумис“ во Куманово

    26.01.2024 09:35 | Оливера Пешевска

     Дејан Младеновски е избран за нов директор на основното училиште „Толи Зордумис“ од Куманово и ќе ја извршува функцијата во наредните четири години.

    Дејан Младеновски е нов директор на училиштето „Толи Зордумис“ во Куманово

    Тој е дипломиран професор по географија, доаѓа од ОУ „Христијан Карпош“ од Куманово, каде работел како професор и ја извршувал функцијата помошник директор.

     Новиот директор вели дека во наредниот периодoт ќе се фокусирам на обезбедување на подобри услови за учениците и вработените.

    „Примарна цел ќе ми биде подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес, преку воведување на иновации и структурни промени кои ќе го збогатат самиот процес на учење и развивањето на потребните вештини на нашите ученици. За да го постигнам тоа, ќе посветам повеќе внимание на низа стратегии и активности. Првично, ќе се фокусирам на стимулирање и поддржување на професионалниот развој на наставниот кадар преку вклучување во разновидни образовни иницијативи и проекти. Понатаму, ќе се стремам кон интеграција на мултикултурни и мултиетнички аспекти во редовниот образовен процес, преку креирање на заеднички активности меѓу учениците. Врвен приоритет ќе ми биде креирањето на позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација, во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, каде секој ученик ќе се чувствува добродојден и поддржан. Секако, од голема важност ќе биде успешната соработката со родителите и локалната заедницата, бидејќи нивната вклученост е клучна за успешното функционирање на училиштето“, истакна Младеновски.

    Тој доаѓа на место на досегашниот директор Милорад Јордановски, кој замина во пензија.