×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

    04.05.2024 16:38 | KumanovoNews

    Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата, Реџеп Исмаил-Хактан, заедно со уште двајцата соборци како членови на Централниот комитет на Левица, Александар Димитриевиќ и Мери Георгиевска, положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската националноослободителна борба - Гоце Делчев.
     

    Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

    „Во овој историски момент, како никогаш досега во историјата од независноста на Македонската држава, од страна на домашните квислинзи и вазали, а во спрега со странски емисари и останати империјалистички намесници, загрозени се фундаментите на националната свест на Македонскиот народ. Еден таков пример е токму т.н. Француски предлог со кој квислиншката власт, во име на некаквиси „европски вредности“, задоволувајќи ги великобугарските апетити, наметнуваат политики кои директно го сквернават ликот и делото на бастионот на македонската национална свест, Гоце Делчев.
     
    Оттука, уште еднаш ги повикуваме сите политички чинители во Македонија да ги поддржат црвените линии утврдени во петте точки од нашата Македонска платформа, со што ќе ставиме до знаење на сите, како странски, така и на домашни поткопувачи на македонската државност, дека повеќе не се прифатливи никакви уцени и компромиси на штета на македонските национални интереси, сè со цел да се запре понатамошното разградување на Републиката“, велат од Левица.