Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот и секретарот на Општината, заедно со претставниците од градовите „Носители на порака на мирот" на трети мај во Њујорк ќе бидат примени од генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун.
Целта на посетата е предавањето на Декларацијата и Повелбата на мир на Општините, нови членка на Асоцијација за промовирање на мирот во светот.
Куманово како нова членка, оваа година заедно со Барселона, Загреб и Мексико Сити, поканети сме да ја врачиме Декларацијата и Повелбата на мир во која се нагласува важноста на општините во градење на мирот, мултиетнички општества и демократија. Целта на посетата е да се зголеми бројката на градовите кои претенедираат да станат членки на Асоцијатата. Куманово го заслужи тоа по многу основи. Во минатото, како град првоборец, учесник во Првите балкански војни, а 2001 година го зачува мирот и покрај воените случувања во близината, благодарение на бистрите умови што го водеа градот. Етничката толеранција, како традиција го краси Куманово и со тие парамети успеавме да влеземе во оваа самблеа, со што добивме признание за политичкиот успех на градот. Врвот на целата работа е посетата на ОН и средба со генералниот секретар"- вели градоначланикот Зоран Дамјановски.
Општинската делегација во Њујорк ќе престојува четири дена. Куманово е единстевен претсавник од државата во Асоцијата на градовит носители на порака на мирот. Стана членка минатата година на препорака на Словен Градец од Словенија. Во асоцијацијата членуваат 99 градови од сите континенти меѓу кои од Балканот: Загреб, Сараево, Крагуевац, Ипати, Словен Градец и др.