Мени

Делови од Куманово денеска и утре без струја

28.07.2026 08:44 | KumanovoNews

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе улици во Куманово, како и едно село во Старо Нагоричане.

 

Делови од Куманово денеска и утре без струја

Според најавата, прекините ќе бидат по следниот распоред: денеска  од 08 до 14 часот на ул. „Моша Пијаде“ (од градинката до кружниот тек).

Додека утре од 08 до 14. 40 часот струја ќе нема на м.в. Карпошова Воденица, ул. „11-ти Ноември“ (од мостот за Бедиње до Кафе Мока) и ул. „Трајко Јовановски Кмет“ (Шумски пат).

Селото Стрновац без електрична енергија ќе остане  од 08:50 до 14:00 часот.