Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово синоќа беше отворен штаб на Демократски сојуз на улица “Народна револуција“ под Соколански парк.
Пред присутните се обрати претседателот на партијата, Павле Трајанов.
Сакам да истакнам дека Демократскиот Сојуз ќе понуди нова стратегија, нов пристап кон евроинтеграциските процеси затоа што досегашните активности не дадоа резултат. Ние сме практично во застој во овие процеси поради блокадата од страна на Република Грција. Сметаме дека треба да имаме нов приод се со цел да се деблокира процесот за влез во ЕУ и започнување на преговорите - изјави Трајанов.
Во пресрет на претстојните избори, Демократскиот сојуз продолжува со мобилизација и организација на своето членство, со афирмација на својот концепт на партија со демократска платформа за општествени и економски промени, со промоција на политичката визија за партија со отворени врати за сите што сакаат политичко ангажирање.