Мени

Денеска е Светски ден на учителот

04.10.2013 14:07 | KumanovoNews

 Регионалното здружение на просветни работници препорачува на  училиштата и градинките да го одбележат Светскиот ден на учителот.

Денеска е Светски ден на учителот

Учителот, просветниот работник во процесот на своето работење вложува голем труд во отварање на нови хоризонти на знаења и мудрости кај учениците. Во секојденвната интеракција со нив тој ги споделува успесите и неуспесите од секојдневието, ги поучува, насочува, охрабрува и ги подготвува за животот - велат од здружението.

На просветните работници тие им го честитаат Денот на учителот.

                                                             (фото архива)