Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска се одбележува Светскиот ден на книгата за деца, и по тој повод деца од градинката „Ангел Шајче“ го посетија детскиот оддел во Градската библиотека „Тане Георгиевски“.
На децата им беше објаснето како функционира и што се нуди библиотеката, каде за некоја година ќе треба да се запишат и да зајмуваат книги. Директорката Нада Ивановска кажа дека одделот за деца располага со 77.430 книги, а бројот на читатели се зголемува од година во година.
“ани фондот е збогатен за 932 книги и него го користат 1713 читатели, колку што беа запишани минатата година. Последниве две-три години многу работиме на тоа да предизвикаме поголем интерес меѓу најмладите преку разни трибини, промоции, средби со писатели и бројот на читатели расте. Имаме 1713 читатели што е за 393 повеќе во однос на претходната година - изјави Ивановска.
Воспитувачките во градинка се трудат уште од мали нозе децата да ги научат да ја сакаат книгата.
Остваруваме долгогодишна соработка со библиотеката и децата одблиску ќе се запознаат со книгата за деца, со она што ги очекува наредните години кога и самите ќе почнат да се дружат со книгите - рече Ивана Николиќ, одговорен воспитувач во објект „Кокиче“ при градинка „Ангел Шајче“.
На денешен ден е роден данскиот писател за деца Ханс Кристијан Андерсен и во негова чест почнувајќи од 1967 година, 2 април се одбележува како Светскиот ден на книгата за деца.