Денеска гласаат болните и затворениците
12.04.2014 10:17
| KumanovoNews
Двестa петнаесет болни лица во Општина Куманово и затворениците во Кшање, денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори.

Се тече во најдобар ред без никакви проблеми. Членови на 81 избирачки одбор ќе овозможат гласање на 215 болни во домашни услови. Гласањето во затворот во Кшање е почнато во 7 часот утрово и ќе трае до 19 часот. Гласање на внатрешно раселени лица нема бидејќи тие се водат на нови адреси - вели Виолета Арсовска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово.
Во меѓувреме членовите на избирачките одбори ги подигаат материјалите за утрешното гласање.