×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска и утре уписи во средните училишта

    24.06.2013 09:23 | KumanovoNews

     Во кумановските средни училишта, вкупно има 2384 слободни места за во прва година.

    Денеска и утре уписи во средните училишта

     Од тоа, во Гимназијата “Гоце Делчев“ се 374 слободни места, во “Сами Фрашери“ 272  и во “Киро Бурназ“  476 слободни места. Во “Перо Наков“ ќе се примат 646 ученика, а во “Наце Буѓони“ има простор за запишување на 616 ученици.

    Само во првите два часа од почетокот на уписот утрово во Гимназија “Гоце Делчев“ стотина ученици поднеле документи за запишување во ова училиште.

     Оваа учебна година се планирани десет паралелки на македонски наставен јазик, една на српски наставен јазик и една билингвална паралелка. Минимум потребни поени во овој уписен рок се 60. Од документи потребни се оригинал сведителства од петто до осмо одделение, извод од матична книга на родени и потврда за вакцинација. Пријавата ја потполнуваат тука. Досега има голем интерес - изјави Соња Тодоровска, член на комисија за упис.

    Во среда ќе биде истакнат списокот со примени ученици.

    Ова е едно од појаките училишта во градот. Ќе се запишам во математичка наскока. Имам 65 поени и се надевам дека ќе бидам примена. Сметам дека го направив вистинскиот избор - вели Ивана Тасевска, ученик.

    Вториот уписен рок за во средните училишта ќе биде на  1 и 2 јули.