Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Календарски денеска во 18.36 часот, на северната земјина полутопка започнува летото.
На северната полутопка денеска е најдолгиот ден во годината, а на јужната најкраткиот ден. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта осум часа и 46 минути. Од утре деновите ќе почнат да се скратуваат за околу две-три минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимска краткоденица на 21 декември.