Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).
Големиот христијански празник во повеќе кумановски села е селска слава, а во селото Младо Нагоричане по тој повод се организираат и повеќе културно-спортски активности.
Вчера на спортскиот терен кај основното училиште „Христијан Т. Карпош„ се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал. Победник на турнирот беше екипата на Зебaрњак. По завршувањето на оваа спортска манифестација, синоќа следуваше народен собир кој траеше доцна во ноќта.
Организатот на прославата беше Општината Старо Нагоричане, а присуствуваа гости од соседните Куманово и Ранковце.