×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска се слави Свети Трифун и Прочка

    14.02.2010 10:14 | KumanovoNews

    Православните верници денеска ги прославуваат Св.Трифун - заштитник на лозјата и овошките и празникот Св.маченик Никифор, кај народот попознат како Прочка.

    Денеска се слави Свети Трифун и Прочка

    Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.

    На овој празник лозјата се закројуваат  и се попрскуваат со вино за родот да биде добар. Со  овој чин се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.

    Свети Трифун е роден во селото Кампсади, во областа Фригија во Мала Азија во третиот век. Неговите родители биле сиромашни луѓе, па од мал се занимавал со чување гуски. Од нив ја наследил и вербата во Бога. Трифун имал исцелителна моќ, со својот поглед ги лекувал душевно болните. Тој ја излекувал и убавата ќерка на римскиот император Гордијан за што бил богато награден. Добиеното богатство Трифун го разделил на сиромашните. По смртта на Гордијан престолот го наследил цар Декиј, кој наредил да се прогонуваат христијаните. Меѓу нив бил и Трифун, кому по долго мачење во 250 година му била отсечена главата. Свети Трифун се смета за заштитник на лозарите и на виното.