×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска завршува вториот повик за јавен превоз, доколку пропадне општината ќе купи автобуси

    15.04.2022 08:56 | Сузана Николиќ

    Денеска истекува рокот за доставување на понудите на јавниот повик за градски превоз на петте линии, коишто не беа доделени на првиот повик. 

    Денеска завршува вториот повик за јавен превоз, доколку пропадне општината ќе купи автобуси

    Повикот е распишан за лините: Зелен рид - Железничка станица, Куманово - ГП Табановце,  Бедиње - Доброшане, Куманово - Новосељане - Косматац - Мургаш, Ливаде - Карпош - Железничка станица, Куманово - Четирце, Бедиње - Тромеѓа, Куманово - Шупли Камен, Романовце - Куманово, Куманово - Табановце - Карабичане - Сопот и Бајрам Шабани - Бедиње.

    Градоначалникот Максим Димитриевски верува дека целата постапка ќе заврши до крајот на овој месец, но доколку повторно се јават проблеми како на првиот повик, најави дека од општинскиот буџет ќе купи автобуси и ќе организира превоз на патниците за овие линии.  

    „Доколку не се изберат оператери ќе поведам постапка пред Советот за репрограмирање на буџетот и оделување на средства за набавка на возила во сопственост на Општина Куманово за овие линии. Нема да дозволам градот да зависи од вољата на превозниците кои се меѓусебна конкуренција, а граѓаните не добиваат соодветна услуга“, кажа Димитриевски.

    Сепак, тој се надева дека до такво нешто нема да дојде, бидејќи тоа ќе остави последици по работењето на Општината.

    Веќе четири месеци нема градски превоз во најголемите кумановски населби и дел од селата во Куманово, затоа што заглави постапката во бирократските и правни лавиринти, помеѓу општината и превозниците. И додека ти докажуваат кој е во право, граѓаните се оставени на немислост и оптоварени со дополнителни трошоци да организираат сопствен превоз или да плаќаат такси за да отидат на работа или да ги завршат основните обврски во градот.