×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денот на ослободувањето одбележан на Спомен костурница

    11.11.2014 14:41 | KumanovoNews

    На Спомен костурница со пригодна програма денеска беа одбележани 70 години од ослободувањето на Куманово.

    Денот на ослободувањето одбележан на Спомен костурница

    Пред споменикот цвеќе положија делегации од општината, Сојузот на борци, збратимените градови, амбасадори, политичките партии, јавните установи, здруженија и други. Пред присутните за значењето на празникот говореше Цоки Ристовски, потпретседател на Сојуз на борци Куманово.

    Се собравме и оваа година на кумановското светилиште, Спомен костурница да го одбележиме ослободувањето на Куманово. Да положиме свежо цвеќе и да  искажеме искрена благодарност кон оние кои ги положија своите млади животи за слобода на Македонија. Сакам да ги поздравам живите борци, да ги поздравам делата кои што ги имаат направено во виорот на војната и да им го честитат големиот јубилеј, да им посакам здравје, мирна и спокојна старост. Ваквите годишнини и одбележувања имаат за цел да ја обноват колективната меморија на еден народ, да потсетат на катастрофите низ историјата, пред се да го поттикат чувството на гордост“ - изјави Ристовски.

    Тој се осврна на историските факти поврзани со овој значаен датум.

    Објасни дека во периодот меѓу Двете светски војни, Куманово бил занаетчиски град, а во 60 - тите години на минатиот век доживеал поголем индустриски развој.