Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска се одбележа 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот.
На жртвите на фашизмот им оддадоа почит и цвеќе положија претставници од Локалната самоупрва , Сојузот на борците, Советот на Општината, политичките партии, училиштата, невладините организации и поединци, почитувачи на традицијата од НОБ.
На присутните им се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски, кој им го честиташе празникот на граѓаните, а се осврна на тешката и макотрпна борба на македонскиот народ во создавањето на својата држава.
На 9-ти мај 1945, капитулира третиот Рајх, со што се стави крај на Втората светска војна, најголемиот воен судир во историјата. Загинаа 60 милиони луѓе, а над 35 милиони беа ранети, погубна бројка за човештвото. Не смееме да го заборавиме овој историски момент , туку да се потсетиме на грешките од минатото за да можеме да ја градиме иднината.Македонија го оствари својот вековен сон за сопствена држава, желба на многу предходни генерации.Затоа сега треба сите да се обединиме и да рабориме на зачувување на мирот и демократијата, и европските вредности. Интеграцијата во европското смејство е нашата иднина и подобар живот - рече градоначалиникот Дамјановски.
На свеченоста присуствуваше и амбасдорот на Србија во Македонија, Томислав Ѓурин.