Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со претставата „Сомнително лице„ од Бранислав Нушиќ, режија на Синиша Ефтимов, а во изведба на актерската екипа од МНТ, во саботата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ започнаа годинешниве Денови на комедија во Куманово. Манифестацијата ќе трае до 15 октомври, кога ќе бидат прикажани 9 претстави од земјава и странство.
По 14 пат се одржува фестивалот, единствен од ваков вид во нашата земја, која ја продолжува традицијата не само да ни презентира квалитетни театарски дела на најспецифичниот тетарски жанр комедијата, туку и слатко да не насмее и да внесе свежина во нашето секојдневие- рече заменик министерот за култура Драган Недељковиќ на отварањето на манифестацијата.
Деновите на комедија синоќа продолжија со претставата „Олово на перница„ од Венко Андоновски, во режија на Димче Николовски на Драмски тетара од Скопје. Во вторник е претставата Метаморфози од Овидиј, адаптација на Дарко Јан Спасов, режија на Андреј Цветановски, во изведба на театраот од Охрид, во четврток театарот Славија од Белград ќе ја изведе претставата „Не се шетај гола„ во главна улога на Ана Сакиќ и Лане Гутовиќ, а во петок театарот од Прилеп ќе ја изведе „Маратонците го трчаат почесниот круг„. Наредниот понеделник (10.10), фестивалот ќе продолжи со претставата „Брат за брат, кисело млеко за долари„ во изведба на актерска екипа од Пеќ. Гостите од Бугарија од тетарот во Ќустендил во среда ќе играат „Квартет за двајца„, а актерите Перица Јерковиќ од Босна и херцеовина, Домагој Пинтариќ од Хрватска и Весна Петрушевска, во четврток (13.10) ќе изведат стендап комедии. Манифестацијата во сабота(15.10) ќе ја затвори велешкиот тетар со претставта „Генерална проба за самоубиство„ од Душан Ковачевиќ, во режија на Стојан Стојаноски.
Претставите се со почеток во 20 часот. Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура и локалната самоуправа Куманово.
На сцената на Центрот за култура во изминатите 13 година се прикажани над 100 комедии, и кумановската публика ужива во секое издание на фестивалот.