Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа во Центарот за Јавно здравје се регистрирани 10 нови случаи на заболени и 74 оздравени од вирусот ковид-19 . Од новозаболените 9 се од Општина Куманово, а 1 од Општина Липково.
Како што информира директорот на ЦЈЗ Куманово, Ариф Љатифи новозаболените се од познат кластер.
„Новозаболените се од познат кластер. Големиот број на новозаболени кои се регистрирани денеска се должи на промената на алгоритамот“, информираше тој.
Во последните 24 часа се направени 22 тестирања, од кои 21 се преку Мој термин, а 1 епидемиолошки.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.