×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Десет новозаразени и еден починат од коронавирусот во Куманово, еден нов случај и во Липково

    28.07.2020 12:07 | KumanovoNews

    Единаесет нови случаи позитивни на ковид-19, денеска, се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Десет новозаразени и еден починат од коронавирусот во Куманово, еден нов случај и во Липково

    Десет од нив се од Општна Куманово, а еден од Општина Липково. Исто така во Општина Куманово е регистриран и починат пациент на 63-годишна возраст.

    Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во:Скопје 39, Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 2, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 3, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Свети Николе 3 и Кичево 4.

    Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје 49, Штип 2, Тетово 10, Струга 17, Охрид 15, Гостивар 2, Струмица 1, Кочани 1, Кичево 1 и Ресен 1

    Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315, бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.