×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Десетина самохрани мајки добиваат помош од државата

    16.02.2013 12:09 | KumanovoNews

     Самохраните мајки се жалат дека парите не се доволни да ги покријат ниту најопходните потреби на децата.

    Десетина самохрани мајки добиваат помош од државата

    Десет невработени самохрани мајки се регистрирани во Центарот за социјални работи Куманово, кои секој месец примаат парична помош од државата. Се работи за жени со слаба матерјална состојба, кои се разведени или децата ги родиле во вонбрачни врски, кои не се признаени од таткото.

    Повеќето кориснички се помлади жени, кои се невработени и материјално необезбедени. Доминантни се жените Ромки. Досега маж не се пријавил да зема помош како самохран родител. - велат социјалните работници.

    Самохраните родители имаат право на надомест за најмногу три деца додека не наполнат три години.Истовремено добиваат и детски додаток.За мајка и дете износот на социјалната помош е 4600 денари, а ако се две деца 6600 денари.   

    Бројката на самохрани родители во општината реално е многу поголема, бидејќи повеќето жени се економски независни и немаат потреба од помош на државата.

    Емилија Максимовска, самохран родител на близнаци повеќе од година дена користи постојан паричен надомест. Таа објаснува дека нема кој да се грижи за нејзините децата за да се вработи.

     Не бев запознаена дека ми следуваат пари од државата, бидејќи сум самохрана мајка. Откако наполнија децата шест месеци почнав да земам пари. Имам две машки близначиња и морам да се грижам за нив. Во брак никогаш не сум била. Земам 6500 денари и пола од парите ги трошам за млеко. Со остатокот го купувам потребното за децата. Многу е тешко. - раскажува Максимовска.

    Таа слушнала дека во некои од невладините организации се нуди помош за самохрани мајки, но вели дека заради обврските не се одлучила да ги контактира и да побара помош.