Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нов детектор за откривање на благородни метали во вредност од 250 илјади денари, спакуван во два црни куфери, пронајден е на задните седишта на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се проијавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.
Во текот на разговорот, осомничениот изјавил дека детекторот го нарачал преку интернет, а му пристигнал на адресата каде привремено престојува во Италија. Целта му била да го донесе во Македонија и да го користи за пронаоѓање на благородни метали. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.