Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската фирма “Квалитет пром“, стана сопственик на контролниот пакет на акции во фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ “11 Октомври“, дознава неофицијално “Куманово њус“.
“Квалитет пром“ е фирма ќерка на компанијата Детоил од Куманово, која купила 51 отсто од акциите по цена од 550 денари.
Работниците од новиот сопственик очекуваат да ја рестартира фабриката и да ги подмири обврските кон нив.
“Го поздравуваме новиот сопственик на мнозинство на акции. Очекуваме добра соработка со него, фабриката да работи и нормално сите обврски и долгови, во догледно време да ги плати. Не сме земале неколку плати. Ние ќе работиме, само нека донесе работа“- велат вработените.
Вработените се надеваат дека по 1 мај ќе почнат со работа.