×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детската претстава „Приказна за една шума“ во четврток во дворот на Театар Куманово

    26.08.2020 10:23 | KumanovoNews

     По седуммесечна пауза, во дворот на Театар Куманово, утре ( четврток) во 20 часот премиерно ќе биде изведена детската претстава „Приказна за една шума“, во режија на Никица Јанковски и Матеј Стојковски.

    Детската претстава „Приказна за една шума“ во четврток во дворот на Театар Куманово

    Станува збор за дуодрама, што значи дека во преставата ќе има само два лика, а во оваа претстава тоа се ликот на бикот и бувот. Улогата на бикот во претставата ќе ја толкува актерот Никица Јанковски, додека пак бувот за најмалите ќе биде актерот Матеј Стојковски.  Актерите во преставата „Приказна за една шума“ ќе ни покажат кој и зошто е подготвен да ги уништи дрвјата, а кој и зошто да ги спаси. Како што велат тие, дрвјата се убави, високи, тивки, плодни, не бараат скоро ништо, а даваат многу воздух, сенка, плодови, дури и книги, а за многумина дури и дом.

    „Претставата е поучна и носи голема порака, не само за најмладите туку и за постарите. Ги поканувам сите да дојдат во Театар Куманово и ветувам дека ќе имаат добра забава. „Приказни за една шума“ е правена според текст на британска бајка, каде јас го толкувам ликот на бикот, а мојот колега Матеј Стојковски го толкува ликот на бувот“, рече на денешната прес-конференција актерот Никица Јанковски.

    Исто така и актерот Матеј Стојковски ја потенцираше важноста на темата којашто ја обработува претставата, затоа што заштитувајќи ја природата ние се заштитуваме и самите себе.

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ рече дека очекува да бидат распродадени сите билети, а поради ограниченот број на места најави реприза за во понеделник или вторник, согласно временските услови.

    „Претставата има едукативен карактер и очекуваме дека ќе побудиме интерес кај најмладата публика, но и кај родителите, со цел да го подигнеме културниот и уметничкиот дух во градот“, додаде тој.

    За сценографијата е задолжен Крсто Богојевски, за костимографијата Дарко Илиевски, а за тон и светло Ѕвонимир Мицевски и Оливер Илиевски.

    Во дворот на театарот ќе бидат поставени 30-тина столчиња, а ќе бидат запазени и мерките за заштита од вирусот ковид-19. Организаторите апелираат до граѓаните да носат заштитни маски и да се придружуваат до пропишаните мерки од засегнатите институции.

    Ова е прва претстава во македонските театри од почетокот на пандемијата.

    (Ф.Марковска)