Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во понеделник ќе се одржи третиот по ред Детски фестивал „Бисерчиња“, кој што е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност Мулт Арт и ТВ Плус.
„Фестивалот „Бисерчиња“ продолжува со својата мисија да го прикаже детскиот талент преку нови песнички. Оваа година ќе слушнеме 15 нови рефрени за најразлични теми, сите весели и забавни на свој начин. Сите песнички имаат интересни видео записи, кои премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот. Ги покануваме сите дечиња, заедно со своите родители да дојдат во понеделник, фестивалот започнува во 19.00 часот, и заедно да ја славиме музиката низ искрените детски насмевки. Цената на билетот е 150 денари“, велат организаторите.
Спотовите за песничките се снимани од ТВ Плус, а во нив учествуваат членови од балетските студија Ултра, Fusion, Skill Factory и танцовиот клуб Динамик. Истите ќе бидат гости и на фестивалската вечер.
Фестивалот се организира со поддршка од Сектор за култура, при Општина Куманово.