×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, два проценти страдаат од депресија

    10.12.2021 10:11 | Сузана Николиќ

    Околу девет проценти од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели. 

    Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, два проценти страдаат од депресија

    По домени на тешкотии девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените.

    Според истражувањето, поголем дел од децата во најсиромашните домаќинства доживуваат функционални тешкотии во кој било од домените, во споредба со нивните врсници во најбогатите домаќинства – 13 наспроти 4 проценти.

    Истражувањето, исто така, покажува дека околу 10 проценти од децата на возраст од 2 до 17 години носат очила, додека помалку од 1 процент користат опрема или добиваат помош при одење.

    Глобалната програма МИКС е развиена од страна на УНИЦЕФ во 90-тите години како меѓународна повеќенаменска програма за анкетирање на домаќинствата за поддршка на земјите во прибирањето на меѓународно споредливи податоци за широк спектар на индикатори за состојбата на децата и жените.

    Со истражувањето МИКС се мерат клучните индикатори кои им овозможуваат на земјите да создаваат податоци за креирање на политики, програми и национални планови за развој и да го следат напредокот кон целите за одржлив развој (SDG) и други меѓународни договори.

    Техничката поддршка за истражувањето ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада.

    Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека Извештајот од истражувањето е објавен во мај 2020 година, но поради светската пандемија на Ковид-19, како и поради бројните обврски поврзани со Пописот 2021, не добил публицитет каков што заслужува и затоа, во периодот кој следува, ќе објавуваат инфографици со податоци и клучни поенти од извештајот, со кои, како што посочуваат, сакаат да ја претстават сликата за состојбата на децата и жените во Република Северна Македонија.