Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка се здобила со тешки повреди, откако во неа удрило возило додека се движела по улицата „Никола Тесла“ во Куманово.
Според МВР, несреќата се случила вчера во 18 часот, кога патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(19) од Куманово, удрило во В.Ц.(51) од Куманово.
„Во несреќата В.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“, соопштува МВР.