Девојка од Куманово со вереник од Прешево меѓу патниците во автобусот за Истанбул

23.11.2021 10:49 | Сузана Николиќ

Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. На листата видовме и дека има едно лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

Девојка од Куманово со вереник од Прешево меѓу патниците во автобусот за Истанбул

Помеѓу загинатите имало и повеќе членови од едно семејство. Во турата имало 4 автобуси превезувани од иста туристичка агенција Беса Турс од Скопје, но постои можност патници да се менувале по желба со местата, од автобус во автобус. Патниците на оваа екскурзија се од повеќе градови од Македонија.

(фото.архива)

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk