×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девојка од кумановско загина од струен удар на бaзен

    22.07.2022 19:40 | Сузана Николиќ

    22-годишна девојка од кумановско загинала од струен удар, откако излегла од базен и го зела мобилниот телефон кој се полнел. Несреќата се случила ноќеска по полноќ, додека девојката била на забава во Скопје.

    Девојка од кумановско загина од струен удар на бaзен

    „Во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С. (22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија“, соопшти МВР. 

    Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.