Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и едногодишна девојка е тешко повредена, откако со мопед излетала од пат, по што е пренесна во Општа болница Куманово.
Несреќата се случила вчера во 18 часот, на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
„К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка“, соопшти МВР.