Девојка со „јагуар“ излетала од автопат, повредена и нејзината сопатничка
Дваесетгодишна девојка и нејзината сопатничка се повредени во сообраќајна незгода што вчера нападне се сличила на автопатот Куманово- Скопје, во атарот на селото Романовце, кога со автомолот излетале од патот.

„Вчера во 11:30 часот на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.