Дезинсекција против комарци во Липково
03.06.2015 08:50
| KumanovoNews
На подрачјето на општина Липково вечерва по 22 часот, ќе се изврши дезинсекција од земја против комарци.

Ова е прва фаза од терестичката дезинсекција. Се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање 3-4 часа по третирањето на даденото подрачје.