×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитар Ковачевски поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ

    01.12.2021 13:44 | Сузана Николиќ

    Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој најави дека една од неговите заложби ќе биде враќање на единството во партијата, ефикасноста и одговорноста и посветеноста на подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека неговата програма „Заедно одговорно, посветено, се базира на три клучни столба.

    Димитар Ковачевски поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ

    „Согласно роковите ја поднесов мојата кандидатура до партијата во која ја доставив мојата визија и програма која има наслов „Заедно, одговорно и посветено“. Оваа платформа, оваа програма се базира на три основни столба, а тоа е социјалдемократската визија, јасни социјалдемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите кои следуваат од него, потоа економски раст, односно посветеност кон економските политики и зголемување на животниот стандард на граѓаните и трето, фер шанса и јасен и правичен систем со одговорност во кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата за исполнување на сите проекти ветени пред граѓаните. Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општество, притоа имајќи го предвид јасниот пат на нашето општество во европските интеграции“ порача Ковачевски.

    Ковачевски додаде дека за него е одговорно преземањето чекор во време кога општеството и граѓаните се соочуваат со предизвици, со план и решенија за глобалната енергетска криза, пандемијата, за подорбување на животниот стандард на граѓаните и ефикасност на системот.

    Постапката за кандидирање трае до петок, а досега покрај Ковачевски, кандидатура поднесе и ексминистерката Фросина Ременски.

    Внатрепартиските избори за нов претседател на СДСМ се закажани за 12 декември.