Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Максим Димитриевски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Куманово.
„Драги мои сограѓанки и сограѓани, ја испраќаме 2021 година на големи предизвици, година во којашто сите сплотено одлучувавме за иднината.
Сакаме 2022 заедно да ја направиме година на успех, прогрес и развој на нашиот град, да се живее помодерно, поурбано и поуспешно.
Во оваа прилика во мое лично име Ви го честитам претстојниот празник Божиќ на сите Вас коишто го празнувате и раѓањето Христово, а на сите граѓани на Општина Куманово, Ви ја честитам 2022 година и Ви посакувам заедно да реализираме голем број на заеднички проекти коишто ќе бидат проекти за нашиот град, за наши кумановчани и за сите нас, за наше Куманово“, се вели во честитката од Димитриевски.