×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски ja обвини Aлексовска за доцнењето на платите, таа вели дека тој дал согласност за новите вработувања во градинката

    23.07.2024 17:57 | Оливера Пешевска

    За настаниот проблем и неисплаќањето на платата за вработените во Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски го обвини раководството на установата.

     

    Димитриевски ja обвини Aлексовска за доцнењето на платите, таа вели дека тој дал согласност за новите вработувања во градинката

    За настаниот проблем и неисплаќањето на платата за вработените во Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски го обвини раководството на установата.

    „Проблемот кој е настанат, за што искрено жалам, е поради тоа што во институцијата поради итни и неодложни работи се вработени седум лица, за кои претпоставениот раководител нема обезбедена согласност за финансиски средства, а има склучено договори за работа. Затоа ќе пуштам барање до надлежен државен инспекторат да направи увид и да поведе постапка до лицето кое не постапило согласно законот“, кажа Димитриевски.

    Тој дека во минатото, кога се вршел избор на раководни тела и органи на институцијата во два наврати му беа одземани ингеренциите за поставување на директор на јавна институција.

    „Јас ова како градоначалник ќе го спречам во соработка со повисоки инстанци во власта, а верувам дека утре, најдоцна задутре вие ќе го добиете тоа што ви следува согласно законот“, кажа Димитриевски.

    Тој не го оспори правото на протест на засегнатите и изрази задоволство од услугите кои вработените ги пружаат на граѓаните, децата и штитениците.

    Директорката Марина Алексовска ги отфрла како неосновани обвинувањата на Димитриевски, и вели дека за новите вработувања согласност дал и градоначалникот.

    „За појасно да биде на граѓаните и на вработените од установата, седумте вработени лица се ангажирани за време на последните избори, март април и мај месец 2024. За период од три месеци овие вработени земаа плата без никаков проблем. Бидејќи Владата сè уште не беше формирана, а имавме реална потреба за овие вработувања по основ на пензионирање, подолготрајно боледување, породилно боледување, повторно побаравме согласност за седум вработени за итни и неодложни и добивме пак писмена согласност една на 3 јуни, а втората на 11 јуни, годинава. Со пресметка на јунската плата ни се јавија од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за финансии и нè информираа дека платата не може да помине затоа што согласноста за овие седум вработени за итни и недолжни работи ја дава градоначалникот, а не Министерството за финансии, и затоа општината треба да си ги исплати. Без писмена согласност од градоначалникот, седумте лица за итни и неодложни работи не можат да бидат пријавени во Бирото за вработување“, стои во реакцијата на директорката Алексовска до медиумите.

    На протестот пред Општина Куманово поддршка им даде советникот Никола Лазаровски од Левица.

    „Ние како единствена политичка партија на страна на работничката класа, не смееме да дозволиме ваква манипулација, и од централната и од локалната власт, да се одрази врз работниците. Се консултураме со нашиот правен сектор, доколку има потреба ќе преземеме поконкретни чекори. Куманово веќе подолг период и познато е дека цело време се прават политички препукувања. Но работникот трпи, тоа не смее да се дозволи“, изјави Лазаровски.

    Пред зградата на Општина Куманово на предупредувачки протест излегоа воспитувачките, негувателките и помошно- техничкиот персонал поради неисплатена плата за месец јуни. Простестите ги организираат членовите на гранковиот Синдикат за образование, наука и култура.