Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави формирање на граѓанско движење, кое ќе учествува на следните парламентарни избори.
„Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптоварени со политика и немаме обврска кон никого. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија“, истакна Димитриевски.
Димитриевски на локалните избори се кандидираше како независен кандидат за градоначалник со советничка листа „За наше Куманово“, откако не доби поддршка од неговата матична партија СДСМ.
Тој во вториот круг победи со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, па сега се во коалиција и имаат мнозинство во Советот.
Димитриевски се почесто наместо со локални се занимава со национални политики, а редовно е критичар на власта кога е во прашање спорот со Бугарија.