×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски најави дека од 1 февруари ќе пуштат 20 линии на јавниот превоз, но не кажа кои

    28.01.2022 15:10 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, по еден месец, денеска за првпат даде изјава за медиумите за проблемите во градскиот превоз, и најави дека од вторник ќе функционираат над 20 автобуски линии.

    Димитриевски најави дека од 1 февруари ќе пуштат 20 линии на јавниот превоз, но не кажа кои

    Притоа, не прецизираше за кои линии станува збор, па така јавноста повторно остана без информација на кои точно релации ќе има организиран превоз, а на кои ќе се почека уште некое време. 

    „Мислам дека за 5 или 6 линии во тек е жалбена постапка, по која треба да се произнесе Второстепената комисија при Министерството за трнспорт и врски. А во текот на денешниот ден, ќе бидат потпишани договорите со сите компании, кои ги добиле линиите, кои се над 20 во Општина Куманово. Се надевма дека од 1 февруари на тие линии ќе воспоставиме превоз“, изјави Димитриевски. 

    Тој се правдаше дека причината за задоцнетата постапка се локалните избори и новите услови кои ги поставила општината кон превозниците кои што сакаат да ги возат граѓаните.  

    „Општина Куманово има свои приоритети, а тоа е заштитата на животната средина и употреба на современи или помодерни возила, коишто загадуваат многу помалку во однос на постоечките возила коишто се користат во јавниот превоз. Поставивме во тендерската постапка возилата да ги исполнуваат минимум Еуро 4 стандардите“, рече градоначалникот.

    Димитриевски кажа дека предходната одлука за организирање на јавен превоз фаворизирала само одредени превозници, поради тоа морала да се смени.

    Тој тврди дека училишниот превоз нема да има застој, затоа што секое училиште ќе си склучи договор со превозниците, според законската можност за итни и неодложни работи. 

    Во недостаток на официјални информации, Кумановоњуз од превозниците дознава дека организиран превоз ќе причекаат жителите на најголемите приградски населби, а ќе почнат со работа само во селските средини. Жалби се поднесени на линиите 3, 4, 5 и 8, кои имаат најголем број на патници и се кон приградските населби Зелен рид - Железничка станица, Доброшане - Бедиње, Карпош - Железничка Станица и Тромеѓа - Бедиње, затоа што сметаат дека таму се направени најголеми прекршувања на постапката, и изборот е направен незаконски.

    За другите линии, 1, 2, 6, 7, 10 и 11, како и за други селки линии каде никој не се жалел, па потпишувањето на договорот од 1 февруари ќе започне превозот на патници.

    Димитриевски се извини на граѓаните што во јануари немаа превоз.