×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски признава дека 8 години работел во интерес на приватни компании, обвинува СДСМ

    05.01.2022 08:27 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот Максим Димитриевски со вчерашното соопштение признава дека во изминатите години работел во интерес на приватни компании, а не во интерес за граѓаните на Куманово, обвинуваат од општинската организација на СДСМ Куманово. Тие го потсетуваат градоначалникот дека во последните 8 години е власт во општината, прво како претседател на Советот, а потоа како градоначалник и притоа го прашуваат чии интереси штител.

    Димитриевски признава дека 8 години работел во интерес на приватни компании, обвинува СДСМ

      „Кој беше власт во Куманово од 2013-та година? Дали Максим Димитриевски признава дека во изминатите години работел во интерес на приватни компании, наместо во интерес на граѓаните. Инаку, во соопштението од Општина Куманово во врска со јавниот превоз се вели:„На граѓаните ќе им обезбедиме квалитетен, еколошки и безбеден јавен превоз, а не како во претходниот период да се води интерес за превозните компании на штета на услуга кон граѓаните“. Со ова Максим Димитриевски признава дека во период од 2013-та година како претседател на Советот на Општина Куманово и 2017-та како градоначалник на Општина Куманово веќе 8 години работи во интерес на приватни компании, а не во интерес на граѓаните. Го прашуваме Максим Димитриевски дали работејќи во интерес на приватни компании, работи и за сопствен личен интерес и дали ќе продолжи да својот личен интерес како приоритет број еден за Општина Куманово?“, стои во реакцијата на СДСМ Куманово.

    Граѓаните на Куманово од 1 јануари останаа без јавен превоз и се оставени сами да се снаоѓаат. Проблемот со градскиот превоз настана поради тоа што доцни изборот на нови фирми за превоз на патници. 

    Од Општината Куманово вчера кажаа дека во тек е постапка за доделување на лиценци за вршење на јавен превоз.

        „При водење на постапката најпрвин се зема интересот на граѓаните, да им се обезбеди квалитетен, еколошки и безбеден јавен превоз, а не како во претходниот период да се води интерес за превозните компании на штета на услуга кон граѓаните. Во најкус можен рок, по целосна проверка на поднесените пријави за јавен превоз и утврдување на, пред се, еколошките и безбедносни параметри на возилата, кои се понудени од страна на превозниците, ќе бидат донесени и соодветни решенија и одлуки, со цел граѓаните на Куманово да добијат градски превоз, согласно сите европски стандарди“, стои во соопштението од Општина Куманово. 

    Во меѓувреме, жителите на приградските населби на работа одат пешки, со такси или ги возат сопствениците на фирмите во кои работат.