×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски се огради од Бучковски - неговите тези ги смета за велепредавство

    03.12.2020 09:13 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се огради од ставовите на специјалниот владин претставник за преговори со Бугарија, Владо Бучковски и неговите тези ги  смета за велепредавство.

    Димитриевски се огради од Бучковски - неговите тези ги смета за велепредавство

    - Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство, смета  Димитриевски.

    Обидот на мала врата да се пласираат теории дека за бугарската страна е прифатливо дека македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина.

    Ваквите изјави се спротивни на македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91-ва.

    Во историјата на Македонија ваквите тези ги користеа изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.

    Денеска во 21 век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги.

    Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска подршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста, - напиша Димитриевски на Фејсбук.