×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски тврди дека нема злоупотреба во распределбата на средства во Програмата за спорт

    23.04.2021 13:54 | KumanovoNews

     Градоначалникот Максим Димитриевки ги отфрла како неосновани изнесените ставови и заклучоци на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со наводна злоупотреба на службената должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година.

    Димитриевски тврди дека нема злоупотреба во распределбата на средства во Програмата за спорт

    Во соопштението од Општината се вели дека  вчерашните заклучоци на седницата на ДКСК што се однесуваат за „наводен“ случај, се неосновани и поради тоа ќе поведат постапка пред други надлежни органи за утврдување на реалната вистина.

    „Комисијата погрешно ја има утврдено фактичката состојба по наведениот предмет по основ на пријавата и со ваквиот заклучок кој што до денеска не е објавен во јавноста, а е објавен од страна на неколку медиуми врз основа на изјава на член на комисијата со што изнесува невистини и наводни клевети во јавноста против работењето на Општината, Градоначалникот и други субјекти и лица“, стои во писмената реакција.

    Тие објаснуваат дека на 20 јануари 2020 година од страна на ДКСК добиле официјално барање за доставување податоци и информации дали лицето А.К. е вработено во Општина Куманово и на која работна позиција, дали во буџетот за 2019 година биле предвидени средства за финансирање на спортски здруженија, како и на кој начин се доделени средствата и Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните на Општина Куманово за 2019 година.

    „Општина Куманово во најкус можен рок постапи по истото барање и три дена подоцна на 23.01.2020 година беа уредно доставени побараните податоци и документи до ДКСК врз основа на предметот на барање. Дополнително, претставник од Државен инспекторат за локална самоуправа постапувајќи по предмет поднесен од ДКСК на ден 21.01.2021 година изврши увид во целосната документација во просторите на Општина Куманово, за што постои и уреден записник. Согласно Законот за локална самоуправа и Законот за спорт, Општината со Програма за развој на спорт и рекреативни активности на граѓаните изготвува задолжителна Годишна програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во општината, која во целост ја спроведува Општинскиот сојуз на спортови во својство на координатор на спортските активности да води грижа за развој и унапредување на спортот во општината со нагласена улога да биде спона помеѓу Општината од една страна и спортските клубови и здруженија од друга страна, со единствена цел да се избегне дискреционото право на одлучување во распределбата на средствата и фаворизирање на одредени спортски активности и клубови согласно индивидуални согледувања“, соопштуваат од Општината.

    Додаваат дека Општинскиот сојуз на спортови (ОССК) доставува годишна програма за работа со преглед финансиски план, која ја усвојува Советот на Општина Куманово, а градоначалникот средствата ги исплаќа согласно одлуката за извршување на буџетот и ниту во еден момент не носи решенија по овој основ или било кој друг правен акт со кој се прави реализација на средства, бидејќи средствата директно се исплаќаат по одлуката која е донесена од страна на Советот.

    „ Посоченото лице А.К. во тој момент имал уреден волонтерски договор согласно програма за волонтирање во Општина Куманово, а според наши податоци со кои располагаме истиот не е вршител на функцијата претседател на КК Куманово, туку во Централниот регистар во евиденцијата како одговорно лице се води В.Б. Очекуваме ДКСК јавно да се извини за овие пропусти, повторно да го разгледа предметот, да ја утврди реалната фактичка состојба, а ние како институција и јас како Градоначалник стоиме на располагање за понатамошна соработка со ДКСК“, стои во реакцијата.