×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски упати честитка по повод Денот на народното востание

    11.10.2023 20:27 | KumanovoNews

    Градоначалникот Максим Димитриевски упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод Денот на народното востание - 11 Октомври. 

    Димитриевски упати честитка по повод  Денот на народното востание

    „Денеска со должна почит го чествуваме 11 октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, како симбол на македонската борба за слобода, ден кога се поставени темелите на македонската државност. Достоинствено одбележуваме 82 години од историското народно востание, гордо сеќавајќи се на борците – учесници во вооруженото антифашистичко народноослободително востание, кои извојуваа слобода. Денеска се поклонуваме пред нивната решителност, храброст и пожртвуваност за слобода и создавање на самостојна и независна држава. На денешниот голем празник за Македонија, како симбол на идеалот за слобода и правда, придобивките од македонската револуционерна борба не потсетуваат и обврзуваат да продолжиме по патот на правдата и вистината, градејќи современа, демократска и правна држава, во која секој граѓанин ќе добие еднакви можности за достоинствен и убав живот, живот каков што заслужува. Нашите претци не задолжија внимателно да го чуваме ова скапоцено парче земја, кое тие ни го подарија, положувајќи ги своите животи. Сите заедно сплотени да ги почитуваме македонската историја, нашиот јазик, идентитет и култура, кои претставуваат национални вредности, што никој не може да ги избрише. Нека ни е среќен и вечен големиот празник 11 Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ“, стои во честитката на Димитриевски.