Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на нова политичка партија ЗНАМ - За наша Македонија, на градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.
Тој ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена.
Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.
"Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!" повика Димитриевски.
На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија.
Димитриевски беше долгогодишен член на СДСМ, и извршуваше повеќе партиски и општествени функции, меѓу кои советник, пратеник и градоначалник, но откако не доби поддршка за уште еден мандат за градоначалник, излезе на изборите со здружението на „За наше Куманово“.