×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Директор на шумско незаконски земал пари и огревно дрво

    04.07.2014 12:07 | KumanovoNews

    Директорот на подружница Шумско стопанство Куманово подигнал пари од претпријатијето кои не ги вратил како и дрва за огрев кои не ги отплатил.

    Директор на шумско незаконски земал пари и огревно дрво

    В.С.(63) од липковското село Оризаре во период од октомври 2008 до март 2014 година спротивно на законските прописи без дозвола од генерален директор или управен одбор од благајната на претпријатијето подигнал 372.900 денари кои требало да ги враќа на рати, но вратил само дел од парите. Иако не е член на синдикатот тој во четири наврати земал огревно дрво кое не го платил во целост и извршил набавка на поголема количина дрва без да води  евиденција каде се потрошени. Со тоа В.С. го оштетил претпријатијето за 394.022 денари.

    Тој ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата.