Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во Македонски пошти вчера го чистеа снегот на тротоарот пред Поштата на улицата „11 Октомври„.
Поштарите и нивниот директор со лопати и метли во рацете го отстрануваа натрпаниот снег и го кршеа ледот, и покрај ниските температури. Ретко која фирма во градот може да се пофали дека ги организираше вработените во вакви акции за чистење на јавни површини, а уште помалку со нив да чисти и директорот. Секоја чест за организацијата и потегот на Македонски пошти.
Изминатите неколку дена, со чест на исклучоци, тротоарите главно ги чистеа работниците на ЈП „Чистота и зеленило„ и покрај законската обврска на граѓаните и сопствениците на дуќаните да го отстранат снегот од пешачките патеки. Не помогнаа ни заканите со казни од 30 до 50 евра ако не се исполни законската обрска.